Дуќанџиите од Градскиот трговски центар се жалат дека службите не го чистат снегот во објектот, што претставува опасност за нив и за потрошувачите да се повредат поради лизгавиот под. До „А1он“ испратиле фотографии од заледен снег на скалите и подот во близина на влезот кај трговскиот центар „Соравија“. Наспроти нивните тврдења, директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски, вели дека службите ги исчистиле снегот и мразот. На една од фотографиите испратена од дуќанџиите има и крв, но Трајчевски вели дека кај нив нема пријавено оти некој се повредил додека минувал. Тој вели дека мермерот во ГТЦ се лизга и без снег, а тоа е долгогодишен проблем.
„Од рано наутро цело време чистиме и го исчистивме. Не можеме целиот снег да го тргнеме, но сите приоди се исчистени. Не е возможно да се крене целиот снег. Приодите од ‘Соравија’, Паркот на жената борец, кај Стопанска банка – сè е исчистено. Чистењето е обврска на ГТЦ. Ако сакаат дуќанџиите да се солидарни со ГТЦ, може и тие да излезат да помогнат. Тоа е исто како дома, ако имаш куќа, па да исчистиш и на тротоар. Чистат одделите за безбедност, техника, хигиена. Вкупно 40-ина луѓе активно се вклучени. Со оглед на квадратурата тие не се доволно. Ние го чистиме и покривот поради тежината бидејќи може да настане протекување од топењето на снегот“, вели директорот Трајчевски за „А1он“.
Текстот во целост на: „А1он“.