Македонија

Директорот на ФЗО бара советник со ликовно образование

Фондот за здравствено осигурување пред четири дена објави јавен конкурс за вработување на советник за административна поддршка на директорот на институцијата.  Во рамки на тоа, ФЗОМ бара советник кој ќе го советува за директорот за административни работи, но услов е да има завршено ликовна уметност или организациски науки и управување, односно менаџмент, објави 360stepeni.mk. 

Oгласот е во согласност со систематизацијата за вработувања од 2019 година и не можело да биде објавен со поинакви услови од веќе однапред определените, рекоа за „360 степени“ од Фондот за здравствено осигурување
Вицепремиерот Николовски вели дека условот „ликовна уметност“ е несоодветен за работната позиција и најави промена на постоечката систематизација.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

На почеток