Македонија

Филипче нема да се вакцинира меѓу првите – „Во превод ‘сакам вакцини, ама не и таа од Фајзер’“

Веќе почнаа критиките на сметка на министерот Венко Филипче, откако прво не одговараше на новинарски прашања испратени од „А1он“, а потоа за „360 степени“ кажа дека нема да се вакцинира со вакцината од „Фајзер“. Со ваквиот став на министерот, граѓаните стекнуваат впечаток дека тој намерно не сака да се вакцинира со овој производител, а неговото објаснување го гледаат само како оправдување.

„Ако не сака да се вакцинира со Фајзеровата вакцина, можеше бар да изглуми вакцинирање. Нема да му биде прв пат. На лагите им нема крај со овие министри“, пишуваат твитерџиите.

„Во предвод ‘сакам вакцини, ама не и таа од Фајзер’“, стои во уште еден коментар.

Кога го најавуваше пристигнувањето на кинеските вакцини, Филипче без резерва кажа дека ќе се вакцинира меѓу првите во земјава. Тој рече дека ќе ја прими било која вакцина што прва ќе пристигне.

„Во смисла на тоа со која вакцина јас лично би се вакцинирал, немам резерва кон ниту една. Без намера да ја зимам предноста пред колегите кои директно работат со ковид – пациенти, во смисла на доказ дека вакцините се безбедни, дека не треба да има сомнеж, дека граѓаните треба да се уверени дека овие вакцини ќе бидат безбедни за сите, дека имаат ефект, дека тие се инструментите кои сега ги имаме во рацете да се справиме пандемијата, конечно би се вакцинирал меѓу првите со која било вакцина која прва ќе стигне во земјата. И конкретно и со кинеската“, рече министерот Филипче при претставувањето на Националниот план за Ковид – 19 имунизација и најавата на договорот за кинеските вакцини.

На почеток