Свет

Словенечкиот Парламент не и изгласа недоверба на владата на премиерот Јанез Јанша

Словенечкиот Парламент не и изгласа недоверба на владата на премиерот Јанез Јанша, бидејќи предлогот на опозицијата беше поддржан од само 40 пратеници, што беше за шест помалку од потребниот број.
Против изгласување недоверба на владата со тајно гласање се изјаснија седум пратеници во 90-члениот парламент, шест гласа беа неважечки, додека мнозинството пратеници во владеачката коалиција беа воздржани, пренесе СТА.

Јанша во својот говор кажа дека неговата влада направила многу повеќе од претходната и покрај тешката епидемиолошка состојба и го нарече предлогот за недоверба „деструктивна фарса“.

Опозицијата ја обвини владата дека не ги почитува основните принципи на Уставот на Словенија, вклучувајќи ја и поделбата на власта и слободата на печатот и за загрозување на остварувањето на човековите слободи и владеењето на правото во земјата.

фото: Архива

На почеток