Македонија

Политичари, бизнисмени, новинари – кој се се смета за оштетен од прислушкувањето

Премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев, експратеничката Фросина Ташевска-Ременски и нејзиниот сопруг Јовче Ременски, адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, бизнисменот Трифун Костовски се само дел од лицата кои се јавиле како оштетени во предметот „Трагет-Тврдина“, поврзан со нелегалното прислушкување. Меѓу останатите лица има политичари од власта и опозицијата, новинари, уметници и познати компании.

Од политичарите, дел од оние кои се пријавиле како оштетени лица се Андреј Жерновски кој сега е директор на „Железници“, министерот за правда Бојан Маричиќ, директорот на Царинска управа Горан Сугарески, експратеничката Лилјана Поповска, генералнит секретар на Влада Мухамед Зеќири, градоначалникот Саша Богдановиќ, пратеникот Димитар Апасиев.

Меѓу листата на оштетените има и две правни лица односно „Дајнерс клуб“ и „МИТ Универзитет“.
Од новинарите, како оштетени се пријавени Билјана Секуловска, Боби Христов, Борјан Јовановски, Валентина Вурмо, Горан Михајловски, Драган Антоновски, Душица Мрѓа, Емилија Лазаровска, Љубиша Арсиќ, Мери Јордановска-Чанчаревиќ, Младен Чадиковски, Огнен Чанчаревиќ, Оливера Трајковска, Санта Аргировиќ, Сашка Цветковска, Соња Алексовска-Неделковска, Срекќо Поповски, Томислав Кежаровски, Столе Наумов.

фото: Архива

На почеток