Македонија

Врховната судијка Лидија Неделкова едногласно разрешена и суспендирана

Со 10 гласови „за“ и ниту еден „против“ судскиот Совет денеска ја разреши судијката од Врховниот суд Лидија Неделкова. Претставката против неа ја поднесе екс судијата од Врховен, Јово Вангеловски, поради несовесно и нестручно постапување.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев по завршувањето на седницата изјави дека Неделкова е разрешена и суспендирана, односно времено оддалечена од извршувањето на судиската функција до правосилноста на одлуката.

фото:  YouTube

 

На почеток