Министерот за здравство д-р Венко Филипче, потенцираше дека одговорност или разрешување ќе има за секој за кого ќе се утврдат неправилности, без разлика дали станува збор за директор или раководител во здравствена установа.
Во вечерашново гостување во вестите на Сител, во врска со последните случувања во Струга, Филипче истакна дека извештаите од ДСЗИ се завршени, а се чекаат стручните надзори кои ги врши Лекарска комора, по што министерството ќе постапи согласно наодите.
фото: Архива