fbpx
нед. Мар 7th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Тодоров: Додека Мицкоски е на чело на ВМРО, СДСМ ќе биде на власт

Денес, истите тие кои тогаш за Мицковски беа најчесните, најугледните на кои им ветуваше дека сé би направил за нив, а особено за еден од нив, се нечесни криминалци, отпадници и непријатели. Пишува Никола Тодоров во колумна на Дојче Веле.

Во насловот е, драги мои, суштината. Се додека Мицковски е на чело на ВМРО, СДСМ ќе биде на власт. Многу е просто. Затоа и мојата битка сиве овие месеци не е насочена кон СДСМ туку кон Мицкоски. Редоследот на работите е едноставен, најпрво треба да падне Мицковски, за потоа да падне Заев. Ова се обидувам да го објаснам подолго време. Невозможно е работите да се случат по обратен редослед.

Невозможно е ВМРО-ДПМНЕ со Мицковски на чело да го победи СДСМ. Причината е едноставна. Мицковски ја има поминато точката во политиката од која нема враќање назад. Неговата поддршка е забетонирана ниско, далеку пониско од вкупниот рејтинг на партијата, па не само што како лидер нема додадена вредност за партијата туку како тег ја влече надоле. Верувајте, Заев и цела влада на СДСМ можат уште милион глупости и грешки да направат и пак на избори ќе го победат Мицкоски. Ова е затоа што секоја грешка на власта наместо да оди на конто и во полза на опозицијата оди на конто и во корист на апатијата. И по нешто во Левица, која успешно лови по некој поен од секоја грешка на владата на СДСМ и општата недоверба во Мицкоски. Проблемот е што Левица зема несразмерно поголем дел од гласовите од ВМРО отколку од СДСМ. Некои анализи покажуваат дека од секој 100 нови гласа за Левица, 80 доаѓаат од гласачкото тело на ВМРО. За ова да се случи Заев направи прилично итар политички потег и ги насочи ВМРО и Левица едни против други. Мицкоски, онака неискусен и површен, ја лапна јадицата, па сега се тепа со Левица за утешното второ место на македонската политичка сцена.

Наместо да атакува на првото место, наместо да се обиде да ги поврати изгубените гласови на неопределените гласачи, тој ги губи и лојалните гласачи кои подолго време гласаат за десната опција. Ова е страшна загуба, затоа што овие лојални гласачи на десниот центар, не се определуваат за друга десна партија, туку за екстремно лева партија во политичкиот спектар. Ова значи дека кога овие гласачи ќе се разочараат во Левица, а тоа ќе биде првиот момент кога Левица ќе биде дел од власта, поголемиот дел од нив полесно ќе се прешалтаат кон друга лева партија, читај СДСМ, отколку да се вратат кон десницата.

Колумната во целост можете да ја прочитате  на DW