Свет

(ВИДЕО) Експлозија во седиштето на Лидл во Германија повредени три лица

Три лица се повредени во седиштето на Лидл во Германија, кога експлодира една од пратките. Повредените се пренесени во болници, а 100 вработени се евакуирани од зградата.

Како што објави локалниот портал Стим.де, службите за итни случаи реагирале веднаш, вклучително и со хеликоптер.

Полицијата ги блокираше влезовите во административната зграда во Хајлброн.

Повеќе од 100 работници беа евакуирани од седиштето, а според светските медиуми, постојат сомнежи дека експлодирало писмо-бомба.

фото: Социјални мрежи

На почеток