Свет

Хоспитализиран сопругот на британската кралица

Принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета Втора (99) , е примен во лондонска болница откако неколку дена се чувствувал лошо, објави Бакингемската палата.

Принцот Филип, бил примен по совет на неговиот лекар и во соопштението на палатата се вели дека станува збор за мерка на претпазливост.

Во соопштението се вели: „Неговото кралско височество војводата од Единбург беше примен во болницата Кинг Едвард VII во Лондон, во вторникот вечерта. Приемот на војводата е мерка на претпазливост, по совет на докторот на неговото кралско височество, откако тој не се чувствувал добро. Се очекува да остане во болница неколку дена на набљудување и одмор“.

Филип, кој е добро расположен, вели Гардијан, влегол во болницата без помош. Извор рече дека болеста не е поврзана со ковид и дека престојот во болница е чисто од претпазливост.

Кралицата и Филип, кои во ноември ја прославија 73-та годишнина од бракот, во јануари беа вакцинирани против ковид-19.

фото: BBC

 

На почеток