Кратко ќе ви кажам, Венко Филипче ќе го бараат сите за министер за здравство. Човекот исправа туѓи грешки на секој чекор. Тој не може да биде се’ и да ги замени сите, а изгледа само тој е се’ во здравството и има слух за сите проблеми на граѓаните кои не ги дели по ниедна основа, напиша на својот ФБ профил Фросина Ременски.
Ременски во објавата додава:
Секоја чест на сите совесни доктори, хирурзи, директори, сестри …, на кои грижата за пациентите им е нивна примарна работа.
Но, сите оние од “големото добро утро” и кои го уживаат епитетот “единствени” во мали места каде што болниците кубурат со медицински кадар треба сериозно да се замислат што прават и кој е нивниот приоритет.
Венко не може да се клонира и сите да ве потсетува што и како треба да работите. Едноставно не е фер и кон него и кон пациентите, напиша Ременски на ФБ.