Македонија

Заев: Напуштањето на Ѓорѓе е само физичко, неговиот дух е толку голем и исткаен во неговата музика, тој никогаш нема да избледи

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук објави дека напуштањето на Ѓорѓе Балашевиќ е само физичко.

-Балканот вечерва тагува за Балашевиќ. Но напуштањето на Ѓорѓе е само физичко, неговиот дух е толку голем и исткаен во неговата музика, тој никогаш нема да избледи ниту да биде заборавен, напиша Заев.

Според него, Балашевиќ беше повеќе од уметник.

-Неговите заложби за подобро општество издигнаа многу генерации кои денес ги живеат вредностите и слободите за кои непоштедно се посвети. Мир и слобода. Ни остави големо наследство. Музичко. Општествено. Културно. Човечко. Слава му, напиша премиерот.

фото: Архива

На почеток