Македонија

Мажите повеќе од жените користат „Фејсбук“

Македонците најчесто користат интернет за приклучување на социјалните мрежи, а многу помалку за телефонирање и праќање или примање електронска пошта, покажува последното истражување, чиј автор е Нина Ангеловска, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Според истражувањето, интернет во првото тримесечие од годинава имале 79,3 отсто од домаќинствата, што е зголемување од речиси 6 проценти во однос на истиот период лани.

Што се однесува до интернет корисниците во земјава, вкупно 1,3 милиони жители користеле интернет, а тоа е 79,2 % од населението на возраст од 15-74 години. Притоа, повеќе се мажи отколку жени, односни од мажите интернет користеле 80,9%, а од жените 77,4%. Од младите на возраст 15-24 години интернет користеле 97,5 отсто, а најмалку корисници во изминатите 12 месеци имало во старосната група 55-74 години-46,7%. Речиси секој ден интернетот го користат 68,7% од населението од 15-74 години и тоа пак повеќе мажите од жените. За пристап до интернет најмногу од граѓаните користеле мобилен или смарт телефон, дури 68,8% од интернет корисниците, од лаптоп пристапувале 41,1%, од десктоп 36,5%, а 14% од таблет.

Во однос на прашањето за што најмногу користеле интернет, резултатите од истражувањето покажуваат дека најмногу, односно 64,8 отсто го користеле за Фејсбук, но помалку од лани кога тој процент бил 83,8. На социјалните мрежи повеќе пристапувале мажите (68,6%) отколку жените (60,9%).

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток