Македонија

Мицкоски: Собрани се 25 илјади потписи за неколку часа, во над 300 локации

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посетата на фабриката МИК Свети Николе зборуваше и за денешната иницијатива која ја започна ВМРО-ДПМНЕ ширум целата државата за поништување на Законот за пописот и посочи дека голем број на граѓани денес излегле и се потпишале дека се против овој фалсификат попис  кој СДСМ и Заев сакаат да го истуркаат.

-Па врз основа на оние информации кои што ги имам се дека повеќе од 350 пунктови  и врз основа информациите кои ги добивам дека навистина се одвива перфектно. Многу граѓани би рекол илјадници наши граѓани се одзваа на оваа иницијатива и го дадоа својот потпис. Така очекувам  и деновите кои што следат, а тие потписи да бидат поддршка на иницијативата на пратениците која што ќе  биде доставена до спикерот во Парламентот за поднесување закон со кој што ќе бараме поништување на овој би рекол неевропски и наместен закон за попис односно неевропски и наместен попис кој што сакаат СДСМ и Зоран Заев да го спроведат со нивните коалициони партнери. Замислете четири години ние буквално потонавме во ова политичко мочуриште, во оваа политичка тиња, буквално ниту еден проект не направија почнувајќи од почеток до крај, замислете на што ќе личи овој попис направен во 20 дена по рецептата скроена од Зоран Заев и СДСМ. Јас ќе ви кажам дека тоа ќе биде една обична бламажа и еден обичен срам, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека тој утрово се потпишал во општината каде што живее.

-Јас утрината се потпишав, во скопската населба Карпош 3 која е дел од општината Карпош каде што живеам, додаде тој.

фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

На почеток