Скопје

Ограбиле спортска обложувачница во Ченто, пукале, па направиле сообраќајна несреќа

Хаос се случувал синоќа во скопската населба Ченто кога две лица ограбиле спортска обложувачница, а на излегување од објектот испукале еден кушум.

Според информациите од полицијата, тие заминале со автомобил и на улицата Фуштанска удриле во патничко возило „мицубиши“ по што го оставиле нивниот автомобил и побегнале.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

фото: Архива

На почеток