Откако повеќе од три часа беа на распит, полицијата направи и претрес во возилото марка „пасат“, кое неофицијално припаѓа на обезбедување на Сашо Мијалков. Полициски службеници од полициската станица Кисела Вода целосно го проверија возилото на обезбедувачите, објави А1Он.
Од возилото се запленети телефони марка „Ајфон“, актовки со документи, торбици. Истите ги внесоа во станица. Непознато е на кому му припаѓаат овие предмети.
Текстот во целост на: А1Он.