Македонија

Филипче нема информации дали Мијалков се тестирал за Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за Ковид-19 и дали контактирал со здравствените власти, по неговото објаснување откако се појави дека бил во самоизолација поради тоа што имал температура над 40 степени.

„Немам информации дали се тестирал и дали контактирал со Здравствениот инспекторат“, кусо одговори министерот Филипче.

На прашањето дали е можно по само три месеци некој повторно да се зарази со вирусот, министерот Филипче одговори дека болеста има многу непознаници има многу специфични случаи, но науката сè уште не дала одговор на тоа прашање.

фото: Архива

 

На почеток