Коронавирус

Мицкоски заразен со коронавирус: Ќе го поминам и ова

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е позитивен на ковид-19. Како што информира тој, по забележаните првични симптоми ги добил и резултатите од тестирањето кои поакжуваат дека е позитивен на вирусот.

„Иако, ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

На почеток