Портпаролот на грчката влада Христос Тарантилис денеска поднесе оставка, повикувајќи се на „семејни причини“, додека властите се мета на критики поради скандалот со силувањето на малолетници.
Во писмото испратено до премиерот Кирјакос Мицотакис, Тарантилис (57) рече дека повеќе не може да биде владин портпарол од семејни причини, но ќе остане пратеник во владејачката конзервативна Нова демократија.
Тарантилис стана портпарол пред помалку од два месеци, на почетокот на јануари, за време на козметичката реконструкција на Владата, и ќе го наследи Аристотел Пелони, неговиот досегашен заменик.
Десничарската влада е критикувана од опозицијата и медиумите, кои ги обвинуваат властите дека сакаат да го прикријат случајот на разрешениот директор на грчкиот народен театар, Димитрис Лињадис, кој беше назначен од владата.
Левичарската опозиција и медиумите бараат оставка од министерот за култура, Лине Мендони, кој го назначи Линјадис за директор на театарот.
Во Грција, во последните два месеци се зголемува бројот на извештаи и истраги на случаи на сексуална злоупотреба во областа на спортот и културата.