Жестоки реакции и негативни коментари на сметката на министерот за здравство Венко Филипче. Ова доаѓа откако Министерството за здравство кажа дека авансот платен за достава на кинеските вакцини против коронавирус и е вратен на Македонија. Иако тврдат дека договорот не е раскинат, а вакцините ќе пристигнат – сепак, никој не верува во ваквите кажувања. Твитерџиите имаат свое гледише и на овие случувања, дел од нивните коментари во продолжение:
Уште не знам
дал' да плачам ил' да се смеам
за вратениот аванс и обезвакцинетоста 🤦♀️🥴
Во секој случај, реално е да очекуваме министерот сам да си го пушти видеото со папагалот што вика "оставка" ❤— T(h)inkerbell💫 (@DA_Thinkerbell) March 1, 2021
Прв пат ни враќаат аванс откако сме членка на НАТО.
— AnaStevano (@StevanoAna) March 1, 2021
Аванс по наше е капар.
— ٌ (@qelav) February 28, 2021
Мислам дека ќе влеземе у светските историски анали како прва земја која добила враќање на платен аванс, без експлицитно да го побара тоа.
Вечна.
— Бапчо (@TheFitzzz) February 28, 2021
Вакцините се плаќаат на врата, при достава. Не е потребен аванс, нема да се лажеме.
— Невреме (@nevremeto) February 28, 2021
Питавме кај Бугарите, добивме компир.
Русите нудеа со месеци, ама геостратезиве тактизираа.
Кинезите и аванс ни вратија.
Фајзеро го нема ко Никола Димитров.
КОВАКС јебе 🙂
А премиеро стравува дека ќе имаме вишак, разбир'ш.Па за ваков резултат треба да си ултраспособен <3
— Боби (@BatmanSaysT) February 28, 2021
Идентитетот не е аванс за вакцини па да ти го вратат!
— Фелдмаршал Игорче Развигорче (@Igor_rujo) February 28, 2021
Со кусурот од кинескиот аванс ноже да се докупи лубриканти 🤌
— Персона нон плата (@bojankuk) February 28, 2021
Сигурно Кинезите рекле: ,,За вас може и без аванс. Вие го признавте ТајванД.“
— Saso (@saso_arsov) February 28, 2021
Првпат у живот слушам Кинези некому пари и аванс да му вратат. 🤔
— Daniel Anastasoff (@algorit007) February 28, 2021
На Грујо барем не му враќаа аванс, си лееше споменици и си стигаа на време. Александар го скоцкаа за неколку часа.
План и организација се се во животот.— Капетански Дневник🏴☠️ (@BlackTaurus7) February 28, 2021
Да ти го вратат авансот, повеќе треба да ти фали памет, отколку документи. Аванс се враќа само ако никако не сакаш договор со другата страна… во секој друг случај би направиле напори да обезбедиме "документи" без да играме пинг-понг со парите.
— Димитар Атанасов (@Stariot) February 28, 2021