Фросина Ременски објави подолг статус на својот Фб профил на социјaлната мрежа ФБ под наслов: Личниот извор на Вилма Русковска – помагатели на “диверзанската изолација“ на Сашо Мијалков⁉️
Деновиве додека чекаме истрагата за бегството на Сашо Мијалков („изолацијата“) да мрдне и јавноста да биде запознаена со информации за овој случај која не мислам дека ќе помине по онаа народната „секое чудо за 3 дена“, ќе ја поткрепам мојата веќе изнесена тези, напиша Ременски на ФБ.
Во продолжение ви ја пренесуваме објавата на Ременски во целост:
„Истрагата треба да почне и да заврши со ЈО Вилма Русковска која го „детонираше“ системот со „информација од нејзин извор за бегство на Сашо Мијалков на зелена граници кај Куманово“
За потсетување наведувам неколку јавно изнесени работи во медиумите од Русковска од 20.02 до 23.02 поврзани со „изворот“ на нејзината информација:
„Добив оперативна информација за можно бегство од мој личен извор„⁉️
„МВР побара написмено да ја доставам информацијата”
„Во известувањето што ми го вратија се повикаа на моето известување“
„Јовевски праша колку ми е точна информцијата?„
„Се чув со изворот околу пладне и ми кажа од скала од 1 до 10, точноста на информацијата е 7“ ⁉️
„Прати порака преку други луѓе дека сака да се пријави исклучиво во ОЈО за ГОКК“⁉️
„Откако е дојден беше обезбедуван од истражителите на ОЈО за ГОКК“ ⁉️
„Не мислам, зошто ако мислеше ќе избегаше веднаш“ ⁉️
„Вие сериозно мислите дека јас ќе ви ги кажам моите извори?„ ⁉️
Во ова последното реторичко прашање што си го постави Русковска доцна во вторникот кога нагласи дека „искрено се израдувала што Сашо Мијалков сам се пријавил“, лежи клучот за злоупотребата на службената положба и овластувањата на обвинителката!
Секако дека не мислам дека, таа требаше „нејзиниот извор“ да го обелодени пред новинарите пред кои самата се демантираше во се’ што кажа два дена претходно, но факт е дека таа била ДОЛЖНА „изворот на нејзината непотврдена информација да го посочи на МВР“ за проценување!
☑ Зошто е ова важно Во смисла на полициско постапување по добиена информација од овој калибар, многу е важно да се знае „кој е изворот на информацијата“ за да може да се пристапи кон сложената постапка на „Проценка на веродостојноста на изворот“ и
„Проценка на вистинитоста на информацијата“
Ова постапка народски кажано би ја превела вака – „Кажи ми кој ти кажува, за да знам колку може да му се верува на кажаното“
☑ Првата голема грешка во низата „алибирани грешки“ на Русковска е што:
„Во известувањето до МВР таа не го посочила нејзиниот личен извор кој требало да помине низ проценка и оценка за информацијата што со пласира кон јавен обвинител“
Со известувањето до МВР без генералии за изворот „таа (неместо изворот) станува пријавител на сомневања за кривично дело бегство“
За МВР во смисла на Стандардната оперативна процедура за проценување на информации за криминалистичко-разузнавачки цели „таа е изворот“ (а, не е) кој треба да подлежи на оценка, проценка и да се оценува веродостојноста на нејзината информација. Сосема погрешно
Како што кај нас поминува скоро се на „жими мајка“, односно „сите (по дифолт) му веруваат на јавниот обвинител“ и никој не подведува под знак прашалник „што тој ќе изјави и пласира како информација“, така и во овој случај Русковска наместо да го открие нејзиниот личен извор на МВР, таа недозволено станува „извор“, а со тоа и детонатор во минерско-деминерска диверзантска операција во која таа станува и најодговорна алка во ланецот на одговорности!
Да да …, најодговорна е, затоа што јавен обвинител не работи со тајни, прикриени, доверливи извори како што тоа го работи полицијата!
☑ Јавниот обвинител не е оперативец, не е таен агент, не е извор или соработник (?!), туку одговорно лице кое работи по Законот за кривична постапка. Овој закон не ги препознава овие поими со кои со јавноста кореспондира Вилма Русковска – „оперативни сознанија“, „мој личен извор“, „скала од 1 до 10“ итн., и за тоа нема никакви логички и законски објаснувања‼
☑Јавното обвинителство не прави „Проценки за веродостојноста на изворот на информацијата“. Тоа ги прави полицијата!
Тоа е строго пропишана стандардна оперативна процедура (СОП) нешто слично како процедурите „кога хирург влегува во операциона сала“, која завршува со пишување на „Оперативен извештај“ во кој се оценува веродостојноста на изворот, проценка на вистинитоста на информацијата, дозволеноста информацијата да се споделува со други институции, криминалот за кој се информира, лицата кои се спомнуваат во информацијата и сл.
Оперативниот извештај треба да ги содржи сите информации, без оглед на фактот дали лицето што ги доставува смета дека се релевантни или не и за тие информации каде што постои можност треба да бидат поткрепени со точни податоци од полициските евиденции.
Во полицијата овој процес на проценување се именува како 5х5х5, односно три проценки со по пет описни оценки‼
Што можело МВР да направи по информацијата од Вилма Русковска БЕЗ НЕЈЗИНИОТ ИЗВОР Ништо!
Што можела Вилма Русковска да направи за МВР со откривање на НЕЈЗИНИОТ ЛИЧЕН ИЗВОР. Многу!
☑ Ако Русковска на полицијата го открила „идентитетот на нејзиниот личен извор“ за службено постапување, кој во ниту еден случај на професионално постапување не може да биде „личен извор на јавен обвинител“, полицијата ќе можела да направи „Проценување на веродостојноста на изворот на информацијата“ со пет (5) можни оценки:
(1) доверлив извор во сите случаи за кој не постои сомнеж и таа информација најчесто се добива од таен извор кој во минатото се докажал за доверлив во сите случаи од 100% точни информации;
(2) доверлив извор во повеќе наврати чиишто информации во минатото во повеќето случаи се покажале како точни и овие информации најчесто се од полицајци, информатори и сл.;
(3) понекогаш доверлив е извор кој во минатотот давал информации кои се покажале и како веродостојни и како неверодостојни за што е потребно потврдување на информацијата и преку други активности;
(4) недоверлив извор кој во минатото доставил информации кои во сите случаи се покажале како неверодостојни и оваа оценка укажува дека постои сомневање за веродостојноста, вистинитоста и мотивот на самиот извор кој пласира информација; и
(5) неможе да се процени изворот од кого се добиени информации, односно најчесто станува збор за анонимни извори.
☑Ако јавен обвинител (Русковска) не врши „проценка на веродостојност на извор на информација“, тогаш не може да врши ниту „проценка на вистинитоста на информацијата“!
Што можело да направи МВР за оценка на вистинитоста на информацијата, ако ја „оценило на веродостојноста на изворот“ на Русковска Многу!
☑„Проценувањето на веродостојноста на информацијата“ го прави лицето кое ја евидентира самата информација врз основа на неговите знаења за околностите за потеклото на информацијата!
Во овој случај, Русковска била ДОЛЖНА тоа да го препушти на полицијата преку „проценување на веродостојноста на нејзиниот личен извор“, зошто никој не знае на кои критериуми Русковска „му верува на изворот“ за да алармира и покрене систем за постапување.!
Постојат исто така пет (5) оценки за „вистинитоста на информацијата“:
(1) сигурност се знае дека е вистина зошто информациите се собрани со примена на технички средства или информации од настан за кој може да посведочи полицаец;
(2) изворот е лично запознат, но не полицијата – информацијата најчесто ја даваат информатори;
(3) не е лично позната на изворот, но е потврдена од друго лице – оваа информација треба да се потври со други информации за да се утврди веродостојноста пред да се преземат активности;
(4) Неможе да се потврди – се означуваат информации кои не можат да бидат проценети или потврдени затоа што се добиени од втора рака и не може да биде потврдена од други разузнавачки извори и треба да се земе со претпазливост; и
(5) постои сомнение дека е погрешна – се означува информација за која постои сомневање дека не се вистинити и истата треба да се потврди со информации од „веродостоен извор“ пред да се превземат активности.
☑По овие две проценувања (на изворот и на информацијата), по насоките на стандардната оперативна процедура следи „кодирање“ на информацијата, односно означување со кого и за кои цели може да се споделува. И ова кодирање опфаќа пет (5) опции како право и обврска на МВР!
Кој ја направи „проценката за веродостојноста на изворот на Вилма“, „вистинитоста на неговата/нејзината информација“ и „мотивите за пласирање на таа информација токму кон Русковска“⁉️
Дали некој од МВР барал од Русковска да го открие идентитетот на „нејзиниот личен извор“ за да се процени веродостојноста и вистинитоста на информацијата пласирана кон МВР⁉️
Ако не го открила „нејзиниот извор“ на МВР, а била должна, дали во истрагата треба да се цени релацијата на Русковска и „нејзиниот личен извор“, односно дали станува збор за законски заснована релација или пак, можеби станува збор за некои здружени мотиви за пријавување што го детонира и исмејување на системот⁉️
Ако Русковска е земена за „извор на непроверената информација“ која таа ја пласира кон МВР без да го открие „нејзиниот личен извор“, дали тогаш МВР имало право преку механизмите за проверка на вистинитоста на информацијата да ја испита Русковска пред да ги преземе другите активности ⁉️
Овие се клучните прашања за истрагата и за МВР – патоказот за откривањето на мотивите и начинот на пласирање на информацијата „кај подобниот јавен обвинител Русковска“ и „предавањето во подобното ОЈО за ГОКК на Русковска!
Ако се откријат интересни детали за видот на релацијата на обвинителката и „нејзиниот личен извор“, начинот и френкевнцијата на комуникацијата, профилот на самиот извор, професионалниот бекграунд итн., тогаш можеби ќе се одговори на многу прашања‼
За преговорите преку трети лица, самопријавувањето на Мијалков и радоста на Вилма утре околу 18.00 часот …
До тогаш нека читаат лекции од социолог со одлични познавања на полициското работење и субкултурното постапување
Превземено од ФБ Фросина Ременски