Македонија

Гинекологот што ја внел сопругата да оперира во Битола доби намалување на платата за триесет проценти

Намалување на платата за триесет проценти во времетраење од половина година доби гинекологот што ја внел сопругата која немала лиценца за работа во Македонија, за да изврши царски рез утрото на 1 јануари годинава. Тој се вратил на извршување на работните задачи во Клиничката болница во Битола, објави slobodenpecat.mk. 

Покрај него, намалена плата за 30 проценти добил и колегата со кого ноќта биле на дежурство. За случајот одлучуваше комисија од болницата во Битола и според Законот за здравствена заштита ова е максималната казна што може да се изрече во дисциплинската постапка, откако медиумите објавија дека пациентка во Битола се породила со царски рез од страна на жена која била внесена во операционата сала, а која немала лиценца од Лекарската комора.

Текстот во целост на: slobodenpecat.mk. 

На почеток