Македонија

Согласност со Преспанскиот договор и СДСМ ќе го смени своето име

На следните конгреси на партијата ќе се разговара за промена на името на СДСМ, изјави премиерот Зоран Заев денеска за новинарите.  Претседателот на СДСМ Зоран Заев најавува дека на следниот конгрес на партијата, кој инаку ретко се свикува, тоа ќе се случи.

„Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме во согласност со Преспанскиот договор“, рече Заев.

Според него, се разгледуваат неколку опции како тоа ќе се изведе, партијата и понатаму ќе се нарекува СДСМ, меѓутоа зад буквите ќе се кријат други зборови.

Една од опциите за ново име на партијата била Социјадемократи од Северна Македонија.

фото: Архива

На почеток