Македонија

Вештачењето за „империјата“ на Камчев, Мијалков и другите сè уште не е завршено, што се чека?

Речиси осум месеци поминаа откако обвинителката Вила Русковска изјави дека има поместување во предметот „Империја“ кој е даден на финансиско вештачење.

Денес, вештачењето сè уште не е завршено, а објаснувањето е дека станува збор за обемен предмет.

Истрагата за овој предмет ја отвори згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО) на 9 ноември 2018 година, а во септември 2019 сите негови случаи, вклучително и „Империја“ преминаа во редовните обвинителства. Во меѓувреме, истрагата ја кочеше и мислењето од Врховниот суд на почетокот на 2019 со кое го прогласи СЈО за ненадлежно за предметите отворени по истекот на рокот од 18 месеци, а исто така, имаше и преговори за новиот Закон за јавно обвинителство кој беше донесен во февруари лани, објави 360stepeni.mk. 

По примопредавање, ОЈО за гонење организиран криминал и корупција го презеде „Империја“, обвинителката Лиле Стефанова остана надлежна, а дополнително, како „засилување“ беше назначена и обвинителката Гордана Смаќоска.

И во јануари годинава, републичкиот обвинител, Љубомир Јовески рече дека предметот сè уште е во фаза на вештачење.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

На почеток