Со 62 пратеници ЗА, без против и воздржани, Собранието изгласа доверба на владата Никој не гласаше „против“ или „воздржано“ за прашањето на доверба што го постави самиот премиер, затоа што во опозициската редица не остана ниту еден пратеник. Опозицијата ја немаше на гласањето.
„Опозицијата шест месеци најавува ново мнозинство. Точно е дека сум прв премиер кој сам поставува прашање за доверба на неговата Влада и тоа е прашање на храброст и одговорност.Ред е да се соочиме и да расчистиме. Денес ќе се види дека оваа коалиција го почитува правто на помалите партии за независно дејствување“,рече Заев, користејќи го правото да се обрати од собраниската говорница пред чинот на гласање.
Откако на Владата ѝ беше изгласана доверба, истото прашање, како што е предвидено со Уставот, не може да се постави во наредните 90 дена во парламентот.
фото: Архива