Свет

Тлото не се смирува, земјотрес од 5.3 степени вечерва во Грција

Жителите на Лариса ќе поминат ноќ под ведро небо. Предмалку уште еден земјотрес од 5.3 степени ги вознамири жителите. Земјотресот е регистриран во 20:24 по локално време, 30 км западно од Лариса.

Инаку силен земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди регионот на 24 километри северозападно од Лариса околу пладне, објави Геодинамичкиот институт во Атина. По овој следуваше серија последователни земјотреси со јачина од 4,6 до 4,9 степени според Рихтеровата скала.

Грчки пожарникари извлекоа шест лица од урнати куќи во селото Месохори, а претходно беше објавено дека пожарникарите извлекле еден постар човек, тетраплегичар, од делумно срушената куќа во село во Тесалија во централна Грција.

фото: Социјални мрежи

На почеток