Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ја откажа седницата планирана за денес, по предупредувањето на полицијата во Капитол Хил дека во зградата можат да упаднат екстремисти.
Претставничкиот дом требаше да расправа за предлог-законот за полициска реформа, но еден од членовите на тоа тело рече дека полициското предупредување, засновано на разузнавачки податоци, претставува голем ризик и затоа плановите биле променети, наведува „Гласот на Америка“.
Властите велат дека екстремистите кои планирале да го нападнат Конгресот припаѓаат на група поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој упадна во Конгресот на 6 јануари за да спречи потврда за победата на Џо Бајден на претседателските избори. Полицијата во Капитол ја нарече групата екстремисти кои планираа упад „неидентификувана милитантна група“.
фото: Voice of America