Бугарскиот премиер Бојко Борисов, за време на посетата на градежните работници кои работат на реновирање на автопатот меѓу Стара Загора и Чирпан, на еден од работниците му го подари сакото. Работникот го пофали Борисов за неговата убаво сако, а премиерот го соблече и му го даде.
„Ви ја оставам и запалката, само дозволете ми да ја земам маската за да не ме казнат“, рече Борисов прегрнувајќи го работникот кој заплакал на гестот на премиерот.
Зачудува фактот што на видеото нити работниците, нити премиерот не ги почитуваат протоколите за заштита. Никој нема заштитна маска на лицето. Единствено маска има едно лице од обезбедувањето на Борисов.
фото: PRTSC ФБ Бојко Борисов