Игор Спасов, обвинет за убиството на Мартин Нешковски, денеска итно бил есктрадиран од Бугарија, и веднаш завршил во затворот Идризово на отслужување на казната. Спасов беше уапсен во Софија, по пријава за семејно насилство, по што властите во нашата земја побараа екстрадиција.
Тој есента во 2019 година избега, откако му било одобрено болничко лекување. Беше недостапен за властите, а уапсен дури оваа година.
Спасов беше осуден на 14 години затвор за ова дело.
фото: Канал 5