Скопје

Лекар нападнал медицинска сестра на Гинекологија

Медицинска сестра вработена на Гинекологија на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ утрово додека била на своето работно место во амбулантата, била физички нападната од нејзин колега, вработен како доктор.

На 06.03.2021 во 07.00 часот во СВР Скопје, С.С.(29) од Скопје пријавила дека околу 05.45 часот во амбулантата на Гинекологија на Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ додека била на своето работно место како медицинска сестра по претходна расправија била физички нападната од 33 годишен охриѓанец, вработен како доктор.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

фото: 24Vesti

 

На почеток