Македонија

140 апликации беа поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај

Вкупно 140 апликации беа поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај.

Од нив 41 апликации беа за вршење на меѓуопштинскиот превоз на патници и 99 апликации за меѓународен превоз на патници.

Врз основа на прелиминарната распределба:

– За меѓуопштински превоз на патници одобрени се 16 апликации и 25 се одбиени.

– За меѓународен превоз на патници одобрени се 67 апликации, 10 апликации се делумно одобрени и 22 се одбиени.
Ве информираме дека распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и Правилникот за начинот, постапката и поблиските критериуми за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници и за формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред.

фото: Архива

На почеток