Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Полицискиот час засега ќе трае две недели, но ќе видиме дали ќе има нови препораки

Полицискиот час засега се предлага за две недели колку што трае еден епидемиолошки циклус, но тоа може да се измени, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Евидентно беше дека во текот на изминатите десетина дена се зголеми инциденцата на нови случаи во Скопје, Кавадарци, Неготино и во Охрид и тоа се одрази со зголемен прием во болниците. Во Кавадарци е исполнето одделението и почна да работи модуларната болница, исто е и во Прилеп, а во Скопје се врати во функција модуларната болница, сите интерни клиники се спремни како што беа во ноември. Ударот не е толку нагол како во ноември и тоа е значајна разлика. Многу е тешко сега да се каже дали ќе продолжи тој тренд или ќе се постигне некое плато, но мора да сме внимателни и спремни и во таа смисла е препораката на Комисијата да се ограничи движењето после 22 часот – истакна Филипче.

Засега нема да има целосно затворање за време на викендите.  Тој уверува дека има доволно слободни болнички кревети и дека ситуацијата не е толку критична и ризична.

видео: МИА

 

На почеток