Адвокатот на родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, која по породување со царски рез дома си замина без бубрег, јајник и матка, за „А1он“ вели дека е невозможно по три извадени органи од сосема здрав човек да се тврди дека нема лекарска грешка.
„Мојот став во поглед на ова прашање е изразен со поднесената кривична пријава против лекарите кои постапувале во овој конкретен случај, но исто така мојот став е и дека е природно и физички невозможно да отстраниш три витални органи на здрав и прав човек и притоа да тврдиш дека нема лекарска грешка. Па колку органи требаше да извадат на мојот клиент за да има лекарска грешка?! Очигледно едниот јајник што е оставен во телото на мојот клиент ги амнестира лекарите од сторена лекарска грешка. Се прашувам доколку го извадеа и овој, сега неупотреблив јајник, дали ќе имаше лекарска грешка? Ова е малку тажно за македонското здравство, зарем не?“, вели адвокатот Сашо Јанев за „А1он“.
Родилката Веапоска за „А1он“ рече дека не ја изненадила ваквата одлука на Лекарската комора оти веќе и кажале дека Мухамед Асани заминал на ручек заедно со Комисијата од лекарската комора откако направиле увид во болницата.
Текстот во целост на: „А1он“.