Македонија

Заев: Не се исклучуваат можностите за цели викенди и цели денови да има карантин, ако не паднат бројките

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на новинарско прашање одговори дека има логика полицискиот час да се воведе од 22 часот иако претходно угоститлските објекти се преполни.

-Во кафаните има ред и поредок како треба да седат граѓаните, а дали се спроведува тоа треба самите институции да го казнуваат, односно и да го спроведуваат самите организатори на угостителските објекти без разлика дали се тоа кафетерии, ресторани, хотели или слично. Но, ако ги затворите, граѓаните се собираат пред објектот, во паркот, на Водно, пред колективната зграда, на плоштадот, на скверовите, насекаде и затоа треба барем после 10 буквално сите си седиме дома. Така што апсолутно мерката е издржана.

Понатаму не се исклучуваат можностите за цели викенди, за цели денови и слично, ако не паднат бројките, од нас зависи, дали ќе се придржуваме на мерките да носиме маска, да избегнуваме групирање. Сериозна е работата, претседател на влада сум, не смееме да си играме играчки, животи се губат. Нема поголем национален интерес од здравјето на граѓаните и треба да помогнеме за да не се продолжи со уште построги мерки кога доаѓа пролетта.

Да помогнеме сите овие мерки да останат само овие две седмици, за да нема причина да одиме на поригорозни мерки“, истакна премиерот Заев.

фото: Архива

На почеток