Свет

Во Србија над 4.500 новозаразени денеска, епидемиолозите бараат итно затворање

Во Србија и покрај зголемените ограничувања за време на викендот, бројот на нови инфекции и бројот на смртни случаи од Ковид-19 продолжи да расте и денеска, што дополнително ги засили барањата на медицинскиот дел на кризниот штаб за запирање на трендот на ширење на инфекцијата со строги мерки во траење од најмалку една недела.

Во изминатите 24 часа во Србија се регистрирани 20 смртни случаи, а од 16.816 тестирани примероци, 4.576 биле позитивни на коронавирусот, објави Министерството за здравство.

Проценувајќи дека епидемиолошката состојба се влошува, доктор Предраг Кон го повтори претходното предупредување, како и барањето на медицинскиот дел од кризниот штаб дека сите активности со ризик од ширење на инфекцијата мора да бидат заклучени на најмалку една недела за да се спречи притисокот врз здравствените работници.

фото: Архива

На почеток