Кулминацијата со лошото менаџирање и набавувањето на вакцини од страна на македонското државно раководство се случи со Кина, пишува италијанскиот весник Ла верита. Владата предводена од Зоран Заев е подготвена дури и на сметка на здравјето на граѓаните да се бори за својот спас. Причината за враќање на авансот за вакцините од „Синофарм“, според извори на Ла Верита, е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, наведена во сите официјални писма на министерот Филипче, објави МКД.МК.
„Ла верита“ пишува дека поседува две писма од министерот за здравство Венко Филипче, кои уште еднаш го демаскираат македонскиот премиер. „Првото писмо докажува дека министерот Филипче испратил барање до кинескиот ‘Синофарм’ дури на 25 декември 2020. Во второто писмо од 25 јануари министерот пишува дека и би ја ослободил Кина од каква било можна одговорност од негативни ефекти од вакцината. Ова го потврдува притисокот на балканската влада за финализирање на договорот. Заев призна, подоцна, дека се обратил до Пекинг, но на крајот на февруари комунистичкиот Пекинг му го вратил авансот. Причината за ова е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена исто така во сите официјални писма на министерот. Фактот што приватна фирма, која според првични анализи нема стабилни темели, но има доволно средства депонирани во германската Дојче банк била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, во Пекинг отворило сомневање дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа довело до поништување на процедурата. На крајот од денот, Кина уште од почетокот на пандемијата се држи до принципот на директно управување со помошта и провизиите со владите. Уште еднаш, потенцијалниот обид за корупција извршен од мрежата на Заев, дури и на сметка на здравјето на граѓаните, овој пат се судри со тврдоглавоста на комунистичкиот кинески режим“, заклучува Ла верита.
извор: МКД.МК.