Свет

Европската агенција за лекови ја започна постапка за проценка на документацијата за лекот против Ковид-19 од компанијата „Ели Лили“

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека почнала постапка за проценка на документацијата за лекот против Ковид-19 од американската фармацевтска компанија „Ели Лили“, кој претставува коктел од антитела, откако претходно ја одобри неговата употреба кај пациенти со висок ризик од сериозен облик на болеста.

Лекот содржи бамланивимаб и етезевимаб, моноклонални антитела кои се однесуваат како природни антитела што ги произведува организмот за борба против инфекции.

Станува збор за новитет во низата лекови базирани на антитела што се разгледуваат во Европа, по оние на „Целтрион“ (Јужна Кореја) и „Регенерон“ (САД).

Постепеното оценување на документацијата има за цел да го забрза процесот за одобрување на лекот, дозволувајќи им на научниците да ги доставуваат резултатите од клиничките испитувања како што завршуваат, без да се чека крајот во сите сфери.

извор: Макфакс

фото: NBC News

 

На почеток