Во 22 часот и 17 минути уште еден земјотрес во Македонија со јачина од 4.4 степени според Рихтер.
Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот е на длабочина од 10 километри во близина на Мавровско езеро.
Претходно, телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, Во 20 часот и 40 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 50km југозападно од Скопје.
Десетина минути по овој земјотрес или во 22 часот и 28 минути уште еден земјотрес со јачина од 4.5 степени според Рихтер.