Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, вечерва информира дека е пронајден и запленет путер со поминат рок на употреба, кој инаку би го довел во опасност здравјето на граѓаните.
Акцијата била изведена од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје, а производот е повлечен од пазарот.
„Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност!“, информира Николовски.
фото: Архива