Македонија

Земјотрес со магнитуда од 3 степени по рихтер точно на полноќ регистриран е во Македонија

Изминатата ноќ бил регистриран нов земјотрес со епицентар во Тетово-Гостивар, информираат од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

Земјотресот бил со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 13.03.2021 година во 23 часот и 59 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65km југозападно од Скоpje и со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.
Ова е шести земјотрес во последните 28 часа.

Вчера најсилниот беше 4,6 степени со епицентар кај мавровскиот регион.

фото: Архива

На почеток