Македонија

Трагедија во Гостивар, дете почина во пожар

Малолетно лице го загуби животот, а друго повозрасно е повредено во пожар кој утринава избувнал во стан во зграда лоцирана на улицата „Кеј Вардар“ во Гостивар.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски во изјава за Курир истакна дека според првичните информации со кои располага полицијата, пожарот бил пријавен утринава во 8 часот.

-Пожарот избувнал во стан на третиот кат. Две лица биле пренесени во болницата „Ферид Мурад“ каде едно малолетно лице починало. Јавен обвинител и екипи од СВР Тетово се на лице место каде во тек е увид, вели Јосифоски за Курир.

извор: Курир
фото: МИА
На почеток