Македонија

КОЛАПС ВО СКОПСКИТЕ БОЛНИЦИ: Нема слободни кревети, пациенти во тешка состојба се враќаат дома

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 67 нови пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 35 приеми, известува Министерството за здравство.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 41 оздравен пациент. Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 221 пациент, информира Министерството.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 463 пациенти потврдени и сомнителени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, велат од МЗ.

фото: Архива

На почеток