Македонија

Камчев се храни од затворската кујна – нема одговор дали ќе се внимава да биде оддалечен од ќелијата на Мијалков

Бизнисменот Орце Камчев кој од пред два дена е во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е во добра здравствена состојба, без индиции дека постои безбедносен ризик за него. Директорот на затворот, Филип Андов, за „А1он“ вели дека за неговото сместување во затворот ќе се одлучува по наредната среда, откако ќе заврши неговата изолација во приемното одделение. Поради тоа, од затворот нема одговор, дали ќе се внимава сместувањето на Камчев да биде оддалечено од ќелијата на Сашо Мијалков.

„Како и секое притворено лице согласно правилник за куќен ред покрај тоа што им се обезбедени оброци од затворската кујна имаат право да примаат пакет-храна надвор од установата и тоа право притвореното лице го користи. Притвореното лице е во добра здравствена состојба и истиот е прегледан при неговиот прием во установата од затворскиот доктор“, вели Андов за „А1он“.

Досега, бизнисменот немал доставено посебни барања во врска со притворот до управата на затворот „Скопје“.

Бизнисменот Орце Камчев по излегување од судот, негираше дека сакал да бега, како што образложи Агенцијата за национална безбедност. Тој рече “Ма какво бегање”, одговарајќи на прашањето од „А1он“ дали планирал бегство.

Текстот во целост на: „А1он

На почеток