Министерот за здравство, Венко Филипче , на денешната прес конференција соопшти дека го разрешил директорот на струшката болница, Мухамед Хасани. Министерот најави дека во текот на денов на негово место ќе назначен нов директор.
За случајот со родилката во Дебар, вчера донесов одлука за формирање на нова Комисија, тоа е законска можност. Првата комисија беше формирана од МЗ преку Лекарската комора, но со оглед на неколку интервенции прво од семејството на родилката, но и од неколку институции (Хелсиншки комитет), новата комисија ќе ја водат директорите на КАРИЛ, Урологија, Гинекологија и ќе треба да направат анализа на случајот. Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница и нов ќе се назначи во текот на денешниот или утрешниот ден“ рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.
Хасани беше поврзан со случајот на родилката од Дебар, која при породувањето во Струга, останала без бубрег, матка и јајник.