Македонија

30 дена притвор за мајката на детето кое се угуши врзано за кревет во Гостивар

Мерка притвор во траење од триесет дена определи судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар на мајката чие дете настрада во пожар во стан во Гостивар. Таа вчера беше лишена од слобода под сомнение дека го врзала седумгодишниот син со синџир за нозете, што го отежнало неговото спасување од огнената стихија. Од судот потврдија дека решението за притвор е изготвено и жената е испратена во КПУ Скопје.

Претходно, Основното јавно обвинителство Гостивар издаде наредба за спроведување истражна постапка против С. Т. (36) од Ресен и живеалиште во Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело – Повреда на семејни обврски (член 203 став 2 од Кривичниот законик)

Осомничената жена, според ОЈО, го малтретирала своето дете на возраст од седум години, кое го врзувала со ланец и катанец за креветот.

фото: Архива

На почеток