Свет

Во Бугарија се наполнаа болниците – од денеска под целосен карантин

Бугарија ќе ги затвори училиштата, рестораните и трговските центри на десет дена почнувајќи од 22 март, како дел од борбата против ширењето на заразата со Ковид-19 што ги наполни болниците, потврди денеска бугарскиот министер за здравство.

Бугарија, која треба да одржи парламентарни избори на 4 април, денеска пријави 4.201 нов случај, со 7.804 лица во болниците, од кои 609 на интензивна нега, пренесува „Ројтерс“.

Во изминатите 24 часа имало 136 смртни случаи поврзани со Ковид-19.

фото: Balkan Insight

 

На почеток