Македонија

Уставниот суд ќе распарав за Законот за Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазицитe

Уставниот суд на ќе одржи подготвителна седница за предметите во кои е оспорена уставноста на указот за Законот за ратификација на Договорот со Грција и законот за ратификација на конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на привремената спогодба од 1995 година, како и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.

Во однос на Законот за употреба на јазиците и Указот за негово прогласување се поднесени вкупно 13 иницијативи.

По однос на овој Закон првата иницијатива била поднесена во јануари 2019 година, а во текот на целата година пристигнувале и другите иницијативи и поради истата материја која е оспорена ќе се разгледуваат заедно.

Меѓу подносителите на иницијативите се Светскиот Македонски конгрес, професорката Солза Грчева, како и граѓани.

фото: Архива

На почеток