Тројцата обвинети Шабан Весели, Бехар Далити и Бесар Калиси за насилните протести за пресудата за предметот „Монструм”, на денешното прво судско рочиште ја признаа вината.
Судијата Марин Станевски наведе дека за обвинетиот Бесим Касами ќе се издвои постапката поради неговата влошена здравствена состојба.
Исто така постапката ќе биде издвоена и за Суља Башким, бидејќи не е достапен за органите за прогон.
Следното рочиште за обвинетите Артон Садики и Фабио Идризи, кои, како што се изјаснија, не се чуствуваат виновни, ќе продолжи на 31 март.