Свет

Слави Трифонов до Гарванлиев: Бугарија е секаде каде што има барем еден Бугарин, затоа Василе повели во кај нас ќе ти обезбедиме достоен живот

Познатиот бугарски шоумен, а од скоро и политичар, Слави Трифонов му понуди на Васил Гарванлиев, да стане дел од неговата екипа и да му обезбеди „работа и достоен живот“.

– На Васил Гарванлиев, кој треба да ја претставува Северна Македонија на Евровизија, му се заканува соборување од сограѓаните во Северна Македонија, бидејќи тој објави дека е и Бугарин, бидејќи има и бугарски пасош. И сега се води кампања против него во Северна Македонија тој да не ја претставува земјата на Евровизија.

Но, почитувани сонародници, Бугарија е секаде каде што има барем еден Бугарин. И додека има еден Бугарин во Северна Македонија, пардон, во Северна Македонија има многу Бугари, но јас мислам конкретно на Васил Гарванлиев, затоа му го предлагам следното:

Василе, драг пријателе, ти си добар пејач, а јас и моите колеги имаме искуство во продуцирањето на добри пејачи. Повели кај нас и јас и мојата екипа ќе ти обезбедиме работа и достоен живот. Решението е твое. Ние Бугарите треба да се поддржуваме, напиша Слави Трифонов на Фејсбук.

извор: ФБ Слави Трифонов

На почеток