Скопје

Детали за спасувањето на лицето кое го спречија да скокне од зграда во Скопје

Со навремена реакција на Полицијата спречена трагедија. Драматични сцени во Скопје. Полицијата интервенира и спречи трагедија. Спасено едно лице кое се заканувало дека ќе се фрли од зграда.

Во акцијата учествуваше и специјалната единица на мвр, како и противпожарната служба на Град Скопје.

„Веднаш дојдовме на местото на настанот и поставивме безбедносен душек, доколку скокне од петтиот кат, за да се спаси. Но, по наредба на интервентната полиција која ја презеде акцијата ние тука се повлековме и настапија нивни екипи во акцијата за спасување. Како што видовте, полицајците со јажиња се качија на горниот кат и ја затворија излезната врата од балконот на долниот кат каде што беше девојката. Акцијата е успешно завршена“, изјави Владимир Кочовски командир во против пожарна единица Скопје.

На почеток